Хотел Г се наоѓа во мирен кварт, во центарот на Скопје. Благодарение на високото ниво на услуга и неговата локација, се изгради во еден препознатлив бренд хотел, а е идеален посебно за бизнис гостите и помали групи во време на социјална дистанца. Хотелот е оддалечен само 8 минути пешачењe или 2-3 минути со возило од главниот деловен центар на градот, од владините и од културните институции и од повеќето дипломатски претставништа.

Хотелот располага со дваесет и три соби, од кои две се луксузни јуниор суита, сите со извонреден ентериер, посебно звучно изолирани и централно климатизирани, опремени по најсовремените и најстроги светски стандарди за хотелко сместување. Во составот на хотелот се наоѓа ресторан за појадок со шведска маса,со растојание помегу масите со запазена социјална дистанца ,летна и зимска тераса и апертив-бар.

Хотел Г ви нуди безплатен Wi-Fi интернет во секоја соба и во лобито, користење на една сала за состаноци, паркинг со 24ч видео надзор, сеф, скенер, копир и факс. Покрај овие услуги, хотел Г ви нуди сопствен сервис за перење и пеглање, хемиско чистење како и такси превоз до и од аеродром по најповолни цени.

Со мирната атмосвера, со прекрасниот амбиент и со квалитетната услуга, хотел Г ви овозможува пријатен престој во Скопје.

Мисија и визија на хотелот

Како еден од новите приватни хотели во Скопје, Хотел Г има прецизно утврдена цел да биде најдобар и да Ви понуди најдобра услуга во својата категорија на начин што успешно ја обединивме елеганцијата и удобноста, професиналноста и стилот, одданост и внимание кон своите гости со што Хотел Г стана место за деловни средби и успеси, место за уживање и опуштање..

  •  
  •  
  •  
  •